затрупа

Глагол, свршен

Значење на затрупа:

1. Прекрие или наполни нешто со трупање, со нафрлање материјал. Ја затрупаа дупката со земја. Урнатините затрупаа многу жители.

2. Почне да трупа, да насобира нешто. Се подготвуваше да гради, затрупа секакви градежни материјали во дворот.

3. (прен.) Опсипе со нешто. Новинарите го затрупаа министерот со прашања. Родителите згрешија, го опсипаа со пари, но не и со внимание.

Коњугација: затрупаат.

Изведени зборови:

  • затрупување, глаг. им. ср.
  • се ~ затрупа, (прен.) Се преоптовари со работа. Се затрупа во папки, документи, глава не можеше да крене.
  • (се) затрупува, глаг. несв. (се) затрупуваат

Оригинални податоци:

затрупа, затрупаат св. 1. Прекрие или наполни нешто со трупање, со нафрлање материјал. Ја затрупаа дупката со земја. Урнатините затрупаа многу жители. 2. Почне да трупа, да насобира нешто. Се подготвуваше да гради, затрупа секакви градежни материјали во дворот. 3. (прен.) Опсипе со нешто. Новинарите го затрупаа министерот со прашања. Родителите згрешија, го опсипаа со пари, но не и со внимание. ● се ~ (прен.) Се преоптовари со работа. Се затрупа во папки, документи, глава не можеше да крене. ‖ (се) затрупува, (се) затрупуваат несв. ‖ глаг. им. затрупување ср.