затвор

Именка, машки род

Значење на затвор:

1. Место, зграда каде што се затвораат осудени лица заради издржување казна. Воен затвор. Истражен затвор. Градски затвор. За ова се оди во затвор.

2. (само едн.) Казна со која се одзема слободата за определено време; робија. Тој е осуден на три години затвор.

3. Запек.

4. (дијал.) Предмет со кој се затвора нешто, катанец, клуч.

Множина: затвори.

Оригинални податоци:

затвор, мн. затвори м. 1. Место, зграда каде што се затвораат осудени лица заради издржување казна. Воен затвор. Истражен затвор. Градски затвор. За ова се оди во затвор. 2. (само едн.) Казна со која се одзема слободата за определено време; робија. Тој е осуден на три години затвор. 3. Запек. 4. (дијал.) Предмет со кој се затвора нешто, катанец, клуч.