затворен

Придавка

Значење на затворен:

1. Глаголска придавка од затвори.

2. Што е ограничен, ограден од сите страни. Затворен простор. Затворен автомобил. Затворени вагони.

3. Што е ставен во затвор. Мајките им носеа храна на затворените синови.

4. За боја – што не е светла, што е темна. Секогаш носеше облека со затворени бои.

5. (прен.) За човек – што е повлечен, молчалив, неразговорлив. Затворен човек. Затворен во себе.

Членувана форма: затворениот.

Изведени зборови:

  • затворено, прил. кон зн. 4. Затворено жолта боја.
  • затвореност, и. ж. Особина на тој што е затворен; сп. затвори 5.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зад затворена врата – сп. врата. Затворен живот – живот без контакт со другите луѓе. Затворена средина – средина во која тешко доаѓа до промени.

Оригинални податоци:

затворен, затворениот прид. 1. Глаг. прид. од затвори. 2. Што е ограничен, ограден од сите страни. Затворен простор. Затворен автомобил. Затворени вагони. 3. Што е ставен во затвор. Мајките им носеа храна на затворените синови. 4. За боја – што не е светла, што е темна. Секогаш носеше облека со затворени бои. 5. (прен.) За човек – што е повлечен, молчалив, неразговорлив. Затворен човек. Затворен во себе. ◊ Зад затворена врата – сп. врата. Затворен живот – живот без контакт со другите луѓе. Затворена средина – средина во која тешко доаѓа до промени. ‖ затворено прил. кон зн. 4. Затворено жолта боја. ‖ затвореност ж. Особина на тој што е затворен; сп. затвори 5.