затврди
Значење на затврди:
1. Утврди, зацврсти. Тој ги затврди основите на македонската писменост. Новата власт уште повеќе му ги затврди угледот и добриот глас.
Коњугација: затврдат.
Изведени зборови:
- затврдување, глаг. им. ср.
- се ~ затврди, 1. Се утврди, се зацврсти. Се затврди во него една тешка мисла. 2. Се востанови, стане вообичаен. Со новото раководство се затврди нов ред во компанијата.
- (се) затврдува, глаг. несв. (се) затврдуваат
Оригинални податоци:
затврди, затврдат св. 1. Утврди, сп. зацврсти. Тој ги затврди основите на македонската писменост. Новата власт уште повеќе му ги затврди угледот и добриот глас. ● се ~ 1. Се утврди, се зацврсти. Се затврди во него една тешка мисла. 2. Се востанови, стане вообичаен. Со новото раководство се затврди нов ред во компанијата. ‖ (се) затврдува, (се) затврдуваат несв. ‖ глаг. им. затврдување ср.