заучи
Значење на заучи:
1. Почне да учи. Заучи нов занает.
2. Тргне во училиште. Малото девојче порасна, заучи во прво одделение. Заучи во гимназија.
Коњугација: заучат.
Изведени зборови:
- заучување, глаг. им. ср.
- се ~ заучи, Добие, стекне навика. Се заучи да им оди на гости секој ден. Полека полека, се заучи детето да оди.
- (се) заучува, глаг. несв. (се) заучуваат
Оригинални податоци:
заучи, заучат св. 1. Почне да учи. Заучи нов занает. 2. Тргне во училиште. Малото девојче порасна, заучи во прво одделение. Заучи во гимназија. ● се ~ Добие, стекне навика. Се заучи да им оди на гости секој ден. Полека полека, се заучи детето да оди. ‖ (се) заучува, (се) заучуваат несв. ‖ глаг. им. заучување ср.