заулави
Значење на заулави:
1. Направи некого улав, луд. Таа девојка им го заулави синот. Проблемите како да го заулавија човекот.
2. Почне да се однесува како улав, да лудува. Човекот се помести од умот и заулави по селото.
Коњугација: заулават.
Изведени зборови:
- заулавување, глаг. им. ср.
- се ~ заулави, Стане улав, луд. Го избркаа од куќата зашто се беше заулавил.
- (се) заулавува, глаг. несв. (се) заулавуваат
Оригинални податоци:
заулави, заулават св. 1. Направи некого улав, луд. Таа девојка им го заулави синот. Проблемите како да го заулавија човекот. 2. Почне да се однесува како улав, да лудува. Човекот се помести од умот и заулави по селото. ● се ~ Стане улав, луд. Го избркаа од куќата зашто се беше заулавил. ‖ (се) заулавува, (се) заулавуваат несв. ‖ глаг. им. заулавување ср.