завари 1
Значење на завари:
1. Затече, најде, сретне. Таму завари само една баба. Еден ден го заварив пред вратата. Меќавата го заварила во шумата.
2. Затече деца од претходниот брак на мажот. Кога дошла во куќата, заварила две деца.
Коњугација: заварат.
Изведени зборови:
- заварување, глаг. им. ср.
- се ~ завари, Се затече, се најде некаде. Кога дојдоа, и јас се заварив таму.
- (се) заварува, глаг. несв. (се) заваруваат
Оригинални податоци:
завари1, заварат св. 1. Затече, најде, сретне. Таму завари само една баба. Еден ден го заварив пред вратата. Меќавата го заварила во шумата. 2. Затече деца од претходниот брак на мажот. Кога дошла во куќата, заварила две деца. ● се ~ Се затече, се најде некаде. Кога дојдоа, и јас се заварив таму. ‖ (се) заварува, (се) заваруваат несв. ‖ глаг. им. заварување ср.