заведе

Глагол, свршен

Значење на заведе:

1. Насочи некого на погрешен пат, направи да заскита, да не стигне на целта. Овчарот ја заведе потерата во погрешен правец. Кучињата со својот лаеж нè заведоа кон шумата. Чадот од огновите над буките ја заведе полицијата.

2. а) Направи некој да тргне по лош пат, кон нешто лошо. Со лажни ветувања тие ја заведоа младината. б) Измами некого. Него не можеа да го заведат.

3. Освои лице од спротивен пол. Се обидуваше да ја заведе девојката.

4. Воведе, воспостави некаква состојба. Војската заведе диктатура во земјата. Немаше кој да заведе ред. Во месната заедница заведоа дежурство.

5. Запише, внесе во книга. Не бил заведен во црковната книга на родените. Наставникот ги заведе оценките од писмената работа во дневникот. Фирмата ја заведоа во трговскиот регистар.

6. (дијал.) Одведе некого на определено место, некаде. Го завеле длабоко во шумата и таму го убиле. Го фати за рака и го заведе дома.

Коњугација: заведат , заведен, заведете , заведи , заведоа , заведов , завел , (ќе) заведеа , (ќе) заведев , (ќе) заведел .

Изведени зборови:

  • заведување, глаг. им. ср.
  • се ~ заведе, Се поведе по некого или по нешто, се залаже. Тој се заведе по една група криминалци. Ние се заведовме по лаежот на кучињата.
  • (се) заведува, глаг. несв. (се) заведуваат

Оригинални податоци:

заведе, заведат; заведи, заведете; заведов, заведоа; завел; (ќе) заведев, (ќе) заведеа; (ќе) заведел; заведен св. 1. Насочи некого на погрешен пат, направи да заскита, да не стигне на целта. Овчарот ја заведе потерата во погрешен правец. Кучињата со својот лаеж нè заведоа кон шумата. Чадот од огновите над буките ја заведе полицијата. 2. а) Направи некој да тргне по лош пат, кон нешто лошо. Со лажни ветувања тие ја заведоа младината. б) Измами некого. Него не можеа да го заведат. 3. Освои лице од спротивен пол. Се обидуваше да ја заведе девојката. 4. Воведе, воспостави некаква состојба. Војската заведе диктатура во земјата. Немаше кој да заведе ред. Во месната заедница заведоа дежурство. 5. Запише, внесе во книга. Не бил заведен во црковната книга на родените. Наставникот ги заведе оценките од писмената работа во дневникот. Фирмата ја заведоа во трговскиот регистар. 6. (дијал.) Одведе некого на определено место, некаде. Го завеле длабоко во шумата и таму го убиле. Го фати за рака и го заведе дома. ● се ~ Се поведе по некого или по нешто, се залаже. Тој се заведе по една група криминалци. Ние се заведовме по лаежот на кучињата. ‖ (се) заведува, (се) заведуваат несв. ‖ глаг. им. заведување ср.