завене

Глагол, свршен

Значење на завене:

1. Почне да вене; вене Цвеќињата во вазната завенаа.

2. (прен.) Прилегне, дремне. Сигурно сум завенала и не сум го чула ѕвонењето. Ќе завене малку и пак се разбудува.

Коњугација: завенаа , завенав , завенал , завенат , завенат , завенете , завени , (ќе) завенеа , (ќе) завенев , (ќе) завенел.

Изведени зборови:

  • завенува, глаг. несв. завенуваат
  • завенување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

завене, завенат; завени, завенете; завенав, завенаа; завенал; завенат; (ќе) завенев, (ќе) завенеа; (ќе) завенел св. 1. Почне да вене; сп. вене 1. Цвеќињата во вазната завенаа. 2. (прен.) Прилегне, дремне. Сигурно сум завенала и не сум го чула ѕвонењето. Ќе завене малку и пак се разбудува. ‖ завенува, завенуваат несв. ‖ глаг. им. завенување ср.