завеса

Именка, женски род

Значење на завеса:

1. Покривка за прозорец што служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.; перде. Бели завеси. Кратки завеси.

2. Големо платно што ја одделува сцената од салонот со публика во театар. Завесата е крената и целата сцена е отворена.

3. Секој вид преграда од ткаенина обесена над врата и сл. Црвените сатенски завеси беа долги до подот.

4. (прен.) Покривка, покривач; преграда. Дождот лееше од покривот и создаваше сребреста завеса над вратата. На неколку чекори од него висеше непроѕирната завеса на ноќта.

Множина: завеси.

Изведени зборови:

  • завесичка, и. ж. мн. завесички; завеска, мн. завески дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Железна завеса – (истор.) затвореност на границите меѓу капиталистичкиот и социјалистичкиот свет по Втората светска војна. Димна завеса – (воен.) вештачка магла, облаци од вештачки дим, чад како заштита од непријателот.

Оригинални податоци:

завеса, мн. завеси ж. 1. Покривка за прозорец што служи за заштита од сонце, од туѓи погледи и сл.; перде. Бели завеси. Кратки завеси. 2. Големо платно што ја одделува сцената од салонот со публика во театар. Завесата е крената и целата сцена е отворена. 3. Секој вид преграда од ткаенина обесена над врата и сл. Црвените сатенски завеси беа долги до подот. 4. (прен.) Покривка, покривач; преграда. Дождот лееше од покривот и создаваше сребреста завеса над вратата. На неколку чекори од него висеше непроѕирната завеса на ноќта. ◊ Железна завеса – (истор.) затвореност на границите меѓу капиталистичкиот и социјалистичкиот свет по Втората светска војна. Димна завеса – (воен.) вештачка магла, облаци од вештачки дим, чад како заштита од непријателот. ‖ завесичка, мн. завесички; завеска, мн. завески ж. дем.