завет 2

Именка, машки род

Книжевен збор.

Значење на завет:

1. Ветување, заклетва, даден збор дека нешто ќе се изврши. Заветот што си го наметна на себеси беше строг. Не сакаше да го крши заветот.

2. Желба, молба, порака оставена некому за да ја исполни; аманет. Пред умирачката му остави завет на синот. Оставил завет да се викаме по презимето на прадедото.

3. Наследство, завештание. Книгите му ги остави во завет неговиот учител.

Множина: завети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стар завет – првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството. Нов завет – новиот христијански дел од Библијата што ги опфаќа евангелијата, Делата на апостолите и Посланието.

Оригинални податоци:

завет2, мн. завети м. (книж.) 1. Ветување, заклетва, даден збор дека нешто ќе се изврши. Заветот што си го наметна на себеси беше строг. Не сакаше да го крши заветот. 2. Желба, молба, порака оставена некому за да ја исполни; аманет. Пред умирачката му остави завет на синот. Оставил завет да се викаме по презимето на прадедото. 3. Наследство, завештание. Книгите му ги остави во завет неговиот учител. ◊ Стар завет – првиот, стариот дел од Библијата што се однесува на периодот пред христијанството. Нов завет – новиот христијански дел од Библијата што ги опфаќа евангелијата, Делата на апостолите и Посланието.