завиди
Значење на завиди:
1. Почувствува завист спрема некого поради успех, среќа, убавина и сл. Понекогаш ми доаѓа да ти завидам. Сте покажале успеси на кои секој може да ви завиди. Му завидоа на заработувачката.
2. Здогледа, забележи. Очите му одат на китчето босилек што преѓе го завиде.
Коњугација: завидат , завидел , завиден , завидете , завиди , завидоа , завидов , (ќе) завидеа , (ќе) завидев , (ќе) завидел.
Изведени зборови:
- завидување, глаг. им. ср.
- се ~ завиди, Се види, се забележи. До левата врата на олтарот му се завиде нешто, а тоа беше дете. Му се завиде како да ѝ ја фати раката.
- (се) завидува, глаг. несв. (се) завидуваат кон зн. 1.
Оригинални податоци:
завиди, завидат; завиди, завидете; завидов, завидоа; завидел; завиден; (ќе) завидев, (ќе) завидеа; (ќе) завидел св. 1. Почувствува завист спрема некого поради успех, среќа, убавина и сл. Понекогаш ми доаѓа да ти завидам. Сте покажале успеси на кои секој може да ви завиди. Му завидоа на заработувачката. 2. Здогледа, забележи. Очите му одат на китчето босилек што преѓе го завиде. ● се ~ Се види, се забележи. До левата врата на олтарот му се завиде нешто, а тоа беше дете. Му се завиде како да ѝ ја фати раката. ‖ (се) завидува, (се) завидуваат несв. кон зн. 1. ‖ глаг. им. завидување ср.