завие 1

Глагол, свршен

Значење на завие:

1. завитка.

2. Скршне, сврти, ја промени насоката на движење. Го гледаше сè додека не зави зад последните куќи. Завија по тесниот сокак.

Коњугација: завив , завиен, завиј , завија , завијат , завијте , завил , (ќе) завиев , (ќе) завиеја , (ќе) завиел .

Изведени зборови:

  • завивање, глаг. им. ср.
  • (се) завива, глаг. несв. (се) завиваат
  • се ~ завие, сп. се завитка.

Фразеолошки израз / поговорка:

Завие во црно – 1. Ужали некого со нечија смрт. 2. (прен.) Унесреќи некого, доведе некого во многу тешка положба.

Оригинални податоци:

завие1, завијат; завиј, завијте; завив, завија; завил; (ќе) завиев, (ќе) завиеја; (ќе) завиел; завиен св. 1. сп. завитка. 2. Скршне, сврти, ја промени насоката на движење. Го гледаше сè додека не зави зад последните куќи. Завија по тесниот сокак. ● се ~ сп. се завитка. ◊ Завие во црно – 1. Ужали некого со нечија смрт. 2. (прен.) Унесреќи некого, доведе некого во многу тешка положба. ‖ (се) завива, (се) завиваат несв. ‖ глаг. им. завивање ср.