завика

Глагол, свршен

Значење на завика:

1. Почне да вика; вика_1_2 Завика овчарот по нас и се стрча надолу. Уште од надворешната врата завика по жена си.

2. Нарече некого со определено име. Имаше нос како клун и затоа го завикаа Орелот. Сосетката родила ќерка и си ја завикала Калина.

Коњугација: завикаат.

Изведени зборови:

  • се ~ завика, Се нарече со определено име. Се завикаа така еден со друг откако дознаа дека ни едниот нема вистински брат. Бил Инокентие и пак се завикал Наум.

Оригинални податоци:

завика, завикаат св. 1. Почне да вика; сп. вика 1 и 2. Завика овчарот по нас и се стрча надолу. Уште од надворешната врата завика по жена си. 2. Нарече некого со определено име. Имаше нос како клун и затоа го завикаа Орелот. Сосетката родила ќерка и си ја завикала Калина. ● се ~ Се нарече со определено име. Се завикаа така еден со друг откако дознаа дека ни едниот нема вистински брат. Бил Инокентие и пак се завикал Наум.