зависен

Придавка

Значење на зависен:

Што зависи од некого или од нешто; што е потчинет, ограничен; што не е самостоен. Тој се наоѓа во зависна положба. По војната, многу зависни земји добија независност.

Членувана форма: зависниот.

Изведени зборови:

  • зависно, прил. Во зависност од нешто. Титулата мора да се потврдува зависно од успесите на турнирите.
  • зависност, и. ж. 1. (само едн.) Состојба на тој што е зависен; потчинетост, несамостојност. Тој мора да ја прифати својата зависност. 2. Поврзаност, меѓусебна врска, обусловеност на две појави. Цената на производот е во зависност од неговиот квалитет.

Оригинални податоци:

зависен, зависниот прид. Што зависи од некого или од нешто; што е потчинет, ограничен; што не е самостоен. Тој се наоѓа во зависна положба. По војната, многу зависни земји добија независност. ‖ зависно прил. Во зависност од нешто. Титулата мора да се потврдува зависно од успесите на турнирите. ‖ зависност, мн. зависности ж. 1. (само едн.) Состојба на тој што е зависен; потчинетост, несамостојност. Тој мора да ја прифати својата зависност. 2. Поврзаност, меѓусебна врска, обусловеност на две појави. Цената на производот е во зависност од неговиот квалитет.