завитка

Глагол, свршен

Значење на завитка:

1. Замота, завие, обложи со нешто. Старецот го завиткал лулето во крпче. Тој го завитка лицето со шалот. Ја завиткаа во овчи кожи и ја понесоа на лесково носило.

2. Даде валчест облик на нешто, свитка, намота во ролна. Двајцата завиткаа по една дебела цигара.

3. Стегне, свитка, превитка нешто. Со клештата цврсто ја завитка жицата.

4. (прен.) Обвие, покрие со нешто. Сурова магла ја завитка долината во студенило и непровидност. Градот беше завиткан во облаци од чад и прав.

Коњугација: завиткаат.

Изведени зборови:

  • завиткување, глаг. им. ср.
  • се ~ завитка, 1. Се замота, се завие во нешто. Се завиткал во фереџе и така поминал покрај стражата. Се завитка во понудената гуна и веднаш заспа. 2. Се обвие околу нешто. Змиите се завиткаа околу ногалките од столовите.
  • (се) завиткува, глаг. несв. (се) завиткуваат

Оригинални податоци:

завитка, завиткаат св. 1. Замота, завие, обложи со нешто. Старецот го завиткал лулето во крпче. Тој го завитка лицето со шалот. Ја завиткаа во овчи кожи и ја понесоа на лесково носило. 2. Даде валчест облик на нешто, свитка, намота во ролна. Двајцата завиткаа по една дебела цигара. 3. Стегне, свитка, превитка нешто. Со клештата цврсто ја завитка жицата. 4. (прен.) Обвие, покрие со нешто. Сурова магла ја завитка долината во студенило и непровидност. Градот беше завиткан во облаци од чад и прав. ● се ~ 1. Се замота, се завие во нешто. Се завиткал во фереџе и така поминал покрај стражата. Се завитка во понудената гуна и веднаш заспа. 2. Се обвие околу нешто. Змиите се завиткаа околу ногалките од столовите. ‖ (се) завиткува, (се) завиткуваат несв. ‖ глаг. им. завиткување ср.