завладее
Значење на завладее:
1. Воспостави своја власт, освои нешто. Војската завладеа со градот. Бегот го завладеал целото село.
2. (прен.) Настане, настапи некаква состојба. Во салата завладеа тишина. Во собата завладееја паника и метеж.
3. (прен.) Обзее некого некакво чувство. Го завладеа мрачно чувство на осаменост. Меѓу нив завладеа омраза.
Коњугација: завладеав , завладеаја , завладеал , завладеан , завладеат , завладеен, завладеј , завладејте , (ќе) завладеев , (ќе) завладееја , (ќе) завладеел .
Изведени зборови:
- завладува, глаг. несв. завладуваат
- завладување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
завладее, завладеат; завладеј, завладејте; завладеав, завладеаја; завладеал; завладеан; (ќе) завладеев, (ќе) завладееја; (ќе) завладеел; завладеен св. 1. Воспостави своја власт, освои нешто. Војската завладеа со градот. Бегот го завладеал целото село. 2. (прен.) Настане, настапи некаква состојба. Во салата завладеа тишина. Во собата завладееја паника и метеж. 3. (прен.) Обзее некого некакво чувство. Го завладеа мрачно чувство на осаменост. Меѓу нив завладеа омраза. ‖ завладува, завладуваат несв. ‖ глаг. им. завладување ср.