завлече

Глагол, свршен

Значење на завлече:

1. Почне да влече нешто не одвојувајќи го од површината, да носи нешто; влече Воловите ги завлекоа тешките греди. Жените го завлекоа килимот по скалите.

2. Однесе насила, влечејќи. а) За човек – Војниците го завлекоа старецот кон ѕидот. б) За вода и сл. – Водата го завлече телото на давеникот. Реката ги завлече откорнатите стебла.

3. Тешко, отежнато почне да се движи, да криви; влече 3. Момчето ја завлече ногата по операцијата.

4. Вовлече, пикне нешто во друго нешто. Децата ги завлекоа главите во рамењата и останаа зачудени. Ја завлече раката под шинелот.

5. Многу одолжи, одложи нешто повеќепати. Не знаеше кој ја завлекол работата. Тој го завлече последниот испит цела година.

6. (прен.) Привлече, заведе. Тој се надева дека и него ќе го завлече хуманиот лекарски повик. Остави да го завлече вревата на разврвената улица.

Коњугација: завлекле , завлекоа , завлеков , завлекол , завлечат , завлечен, завлечете , завлечи , (ќе) завлечеа , (ќе) завлечев , (ќе) завлечел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) завлекува, (се) завлекуваат/(се) завлечува, (се) завлечуваат
  • се ~ завлече, 1. Се вовлече, се пикне некаде. Прошета крај реката и се завлече во врбјаците. Се завлеков под грмушките. 2. Се одолжи, предолго потрае. Решавањето на проблемот се завлече неколку години.

Оригинални податоци:

завлече, завлечат; завлечи, завлечете; завлеков, завлекоа; завлекол, завлекле; (ќе) завлечев, (ќе) завлечеа; (ќе) завлечел; завлечен св. 1. Почне да влече нешто не одвојувајќи го од површината, да носи нешто; сп. влече 1. Воловите ги завлекоа тешките греди. Жените го завлекоа килимот по скалите. 2. Однесе насила, влечејќи. а) За човек – Војниците го завлекоа старецот кон ѕидот. б) За вода и сл. – Водата го завлече телото на давеникот. Реката ги завлече откорнатите стебла. 3. Тешко, отежнато почне да се движи, да криви; сп. влече 3. Момчето ја завлече ногата по операцијата. 4. Вовлече, пикне нешто во друго нешто. Децата ги завлекоа главите во рамењата и останаа зачудени. Ја завлече раката под шинелот. 5. Многу одолжи, одложи нешто повеќепати. Не знаеше кој ја завлекол работата. Тој го завлече последниот испит цела година. 6. (прен.) Привлече, заведе. Тој се надева дека и него ќе го завлече хуманиот лекарски повик. Остави да го завлече вревата на разврвената улица. ● се ~ 1. Се вовлече, се пикне некаде. Прошета крај реката и се завлече во врбјаците. Се завлеков под грмушките. 2. Се одолжи, предолго потрае. Решавањето на проблемот се завлече неколку години. ‖ (се) завлекува, (се) завлекуваат/(се) завлечува, (се) завлечуваат несв. ‖ глаг. им. завлекување/завлечување ср.