завлезе
Значење на завлезе:
1. Почне да влегува; влезе 1 и 6. Тој завлезе во тесните сокаци. Партизаните завлегоа во градот.
2. Навлезе подлабоко, повнатре во нешто. Нејзе ѝ беше страв да завлезе во средината на реката. Тој завлезе во повисоките грмушки и дојде до изворот.
3. (прен.) Навлезе во некоја работа, состојба, во определен временски период. Кога ќе завлезеш во занаетот, ќе ти биде полесно. Тој е до гуша завлезен во долгови. Таа завлезе во седмата година.
Коњугација: завлегле , завлегоа , завлегов , завлегол , завлезат , завлезен, завлезете , завлези , (ќе) завлезеа , (ќе) завлезев , (ќе) завлезел .
Изведени зборови:
- завлегува, глаг. несв. завлегуваат
- завлегување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
завлезе, завлезат; завлези, завлезете; завлегов, завлегоа; завлегол, завлегле; (ќе) завлезев, (ќе) завлезеа; (ќе) завлезел; завлезен св. 1. Почне да влегува; сп. влезе 1 и 6. Тој завлезе во тесните сокаци. Партизаните завлегоа во градот. 2. Навлезе подлабоко, повнатре во нешто. Нејзе ѝ беше страв да завлезе во средината на реката. Тој завлезе во повисоките грмушки и дојде до изворот. 3. (прен.) Навлезе во некоја работа, состојба, во определен временски период. Кога ќе завлезеш во занаетот, ќе ти биде полесно. Тој е до гуша завлезен во долгови. Таа завлезе во седмата година. ‖ завлегува, завлегуваат несв. ‖ глаг. им. завлегување ср.