завојува
Значење на завојува:
1. Почне да војува; војува Големите сили повторно завојуваа на туѓа територија.
2. Освои, зазеде. Германската војска за кусо време завојува голем дел од Европа. Нашите единици го завојуваа градот.
3. (прен.) Освои со работа, со учење и сл. Таа ги завојува сите награди на натпреварот.
Коњугација: завојуваат.
Изведени зборови:
- завојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
завојува, завојуваат св. 1. Почне да војува; сп. војува 1. Големите сили повторно завојуваа на туѓа територија. 2. Освои, зазеде. Германската војска за кусо време завојува голем дел од Европа. Нашите единици го завојуваа градот. 3. (прен.) Освои со работа, со учење и сл. Таа ги завојува сите награди на натпреварот. ‖ глаг. им. завојување ср.