заврати

Глагол, свршен

Значење на заврати:

1. Свитка, пресвитка нешто (обично дел од облека) за да стане покусо. Тој ги заврати панталоните и загази во водата. Ги завратила ракавите.

2. Поднамести, зафрли наназад. Се изми и ја заврати косата со еден дрвен чешел.

3. Потера назад, го промени правецот на движење. Јагнињата забегаа, ајде да ги завратиме.

Коњугација: завратат.

Изведени зборови:

  • глаг. несв. завратува, завратуваат/завраќа, завраќаат
  • завраќа, завраќаат VERB_INF

Оригинални податоци:

заврати, завратат св. 1. Свитка, пресвитка нешто (обично дел од облека) за да стане покусо. Тој ги заврати панталоните и загази во водата. Ги завратила ракавите. 2. Поднамести, зафрли наназад. Се изми и ја заврати косата со еден дрвен чешел. 3. Потера назад, го промени правецот на движење. Јагнињата забегаа, ајде да ги завратиме. ‖ завратува, завратуваат/завраќа, завраќаат несв. ‖ глаг. им. завратување/завраќање ср.