завре

Глагол, свршен

Значење на завре:

Скрие, пикне, вовлече нешто некаде, вовре. Ја завре главата под перница и почна да плаче.

Коњугација: заврат , завреа , заврев , заврел , заврен, заврете , заври .

Изведени зборови:

  • завирање, глаг. им. ср.
  • (се) завира, глаг. повт. (се) завираат
  • се ~ завре, Се скрие, се пикне, се вовлече некаде, се вовре. Тие се завреа во копата сено.

Оригинални податоци:

завре, заврат; заври, заврете; заврев, завреа; заврел; заврен св. Скрие, пикне, вовлече нешто некаде, вовре. Ја завре главата под перница и почна да плаче. ● се ~ Се скрие, се пикне, се вовлече некаде, се вовре. Тие се завреа во копата сено. ‖ (се) завира, (се) завираат повт. ‖ глаг. им. завирање ср.