заврне 1

Глагол, свршен

Значење на заврне:

1. Почне да врне; врне Кога ќе заврнеше, таванот прокиснуваше. Таа година многу рано заврна снег.

2. Падне, наврне дожд, снег. Вчера заврна силен дожд.

Коњугација: заврна , заврнаа , заврнал , заврнат , заврнат , заврнете , заврни , (ќе) заврнеа , (ќе) заврнел, (ќе) заврнеше .

Изведени зборови:

  • заврнува, глаг. повт. заврнуваат
  • заврнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заврне1, заврнат; заврни, заврнете; заврна, заврнаа; заврнал; заврнат; (ќе) заврнеше, (ќе) заврнеа; (ќе) заврнел св. 1. Почне да врне; сп. врне 1. Кога ќе заврнеше, таванот прокиснуваше. Таа година многу рано заврна снег. 2. Падне, наврне дожд, снег. Вчера заврна силен дожд. ‖ заврнува, заврнуваат повт. ‖ глаг. им. заврнување ср.