заврши 1

Глагол, свршен

Значење на заврши:

1. Изврши, доведе нешто докрај. Тој го заврши школувањето. Го завршив портретот. Војната заврши. Чекав да завршат со разговорот.

2. Дојде до некој степен на образование. Таа заврши за болничарка. Тој заврши богословија.

3. Достигне до определен степен, состојба, место и сл. Овој човек ќе заврши во затвор. Тој ќе заврши како крадец. Бракот им завршил со неуспех. Натпреварот заврши нерешено.

4. Доврши, заклучи при зборување. Секој во ова време брза да се затекне дома – заврши здодевно кафеанџијата. Да се одморам и сè по ред ќе ви кажам – заврши старецот. Па, тоа е така – заврши тој кревајќи ги рамениците.

Коњугација: завршат.

Изведени зборови:

  • завршување1, глаг. им. ср.
  • се ~ заврши, Се доврши, се доведе нешто докрај. Се заврши и оваа учебна година. Половината работа се заврши.
  • (се) завршува, глаг. несв. (се) завршуваат 1. сп. заврши1. 2. Претставува крајна граница, се наоѓа на крајот од нешто. Хоризонтот завршува со дрвја. Долу, кај што завршуваше брегот, течеше река. Ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка.

Оригинални податоци:

заврши1, завршат св. 1. Изврши, доведе нешто докрај. Тој го заврши школувањето. Го завршив портретот. Војната заврши. Чекав да завршат со разговорот. 2. Дојде до некој степен на образование. Таа заврши за болничарка. Тој заврши богословија. 3. Достигне до определен степен, состојба, место и сл. Овој човек ќе заврши во затвор. Тој ќе заврши како крадец. Бракот им завршил со неуспех. Натпреварот заврши нерешено. 4. Доврши, заклучи при зборување. Секој во ова време брза да се затекне дома – заврши здодевно кафеанџијата. Да се одморам и сè по ред ќе ви кажам – заврши старецот. Па, тоа е така – заврши тој кревајќи ги рамениците. ● се ~ Се доврши, се доведе нешто докрај. Се заврши и оваа учебна година. Половината работа се заврши. ‖ (се) завршува, (се) завршуваат несв. 1. сп. заврши1. 2. Претставува крајна граница, се наоѓа на крајот од нешто. Хоризонтот завршува со дрвја. Долу, кај што завршуваше брегот, течеше река. Ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка. ‖ глаг. им. завршување1 ср.