заврти
Значење на заврти:
1. Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.
2. Направи кружно, обиколно движење околу нешто. Откако неколку пати ја заврте собата, застана пред нив. Таа заврти околу и застана пред другата врата.
3. Со движење на една или на друга страна смени положба на нешто. Тој ги заврте очите кон соседната маса. Се насмевнал и ја завртел главата.
4. Сврти, преврти од една страна на друга. Тој заврти нова страница од весникот.
5. Сврти, скршне при одење, движење. Колоната заврте под ридот. Таа заврте по другата улица.
6. а) За пари – зачува, не потроши. Одвај можеше да заврти некој денар. б) За куќа, за дуќан, за некоја дејност – почне да куќи, да работи, да стопанисува. Изучи занает, ама заврти трговија.
7. (прен.) За време – се промени. Времето заврте на снег.
8. Подврти, подзасуче. Ги заврте ногавиците и загази во реката.
9. За небеско тело – промени насока на движење. Сонцето заврте откај планината.
Коњугација: завртат.
Изведени зборови:
- завртување, глаг. им. ср.
- се ~ заврти, 1. Направи кружно движење околу својата оска. Балерината се заврте на прсти. Тој се заврте околу себе како да бара нешто. 2. Се сврти во определен правец. Се заврти и виде редица луѓе по него. Се заврти кон црквата и се прекрсти. 3. Се преврти, се премести од една страна на друга. Се заврти на другата страна да спие. 4. Се задржи некаде. Тој цело попладне се заврте во дуќанот. Од работа дома не може да се заврти. 5. Ми (ти, му...)
- (се) завртува, глаг. несв. (се) завртуваат
Оригинални податоци:
заврти, завртат св. 1. Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг. 2. Направи кружно, обиколно движење околу нешто. Откако неколку пати ја заврте собата, застана пред нив. Таа заврти околу и застана пред другата врата. 3. Со движење на една или на друга страна смени положба на нешто. Тој ги заврте очите кон соседната маса. Се насмевнал и ја завртел главата. 4. Сврти, преврти од една страна на друга. Тој заврти нова страница од весникот. 5. Сврти, скршне при одење, движење. Колоната заврте под ридот. Таа заврте по другата улица. 6. а) За пари – зачува, не потроши. Одвај можеше да заврти некој денар. б) За куќа, за дуќан, за некоја дејност – почне да куќи, да работи, да стопанисува. Изучи занает, ама заврти трговија. 7. (прен.) За време – се промени. Времето заврте на снег. 8. Подврти, подзасуче. Ги заврте ногавиците и загази во реката. 9. За небеско тело – промени насока на движење. Сонцето заврте откај планината. ● се ~ 1. Направи кружно движење околу својата оска. Балерината се заврте на прсти. Тој се заврте околу себе како да бара нешто. 2. Се сврти во определен правец. Се заврти и виде редица луѓе по него. Се заврти кон црквата и се прекрсти. 3. Се преврти, се премести од една страна на друга. Се заврти на другата страна да спие. 4. Се задржи некаде. Тој цело попладне се заврте во дуќанот. Од работа дома не може да се заврти. 5. Ми (ти, му...) ● се ~ Изгуби свест, добие вртоглавица. Ми се заврте во главата, но не паднав. ‖ (се) завртува, (се) завртуваат несв. ‖ глаг. им. завртување ср.