заврзе

Глагол, свршен

Значење на заврзе:

1. Стегне, прицврсти со врзување; врзе. Рацете му ги заврза одзади. Го заврза коњот за стеблото од буката.

2. Замота, обвие нешто. Го разгради човекот и му ја заврза раната. На главата беше заврзал чалма.

3. Започне, поведе разговор, борба и сл. Никако не можеа да заврзат весел разговор. Децата заврзаа снежен бој. Сакаа да заврзат свој живот.

4. Создаде, зафати плод, заврз. Јаболкниците веќе имаа заврзано плод. Бостанот ги заврза првите плодови.

Коњугација: заврзаа , заврзав , заврзал , заврзан , заврзат , заврзете , заврзи , (ќе) заврзеа , (ќе) заврзев , (ќе) заврзел.

Изведени зборови:

  • заврзување, глаг. им. ср.
  • се ~ заврзе, 1. Се заплетка, се врзе. Конецот ѝ се заврза неколку пати. 2. Се започне, се поведе разговор, борба и сл. Над самото село се заврза тешка борба. Меѓу нив се заврза караница.
  • (се) заврзува, глаг. несв. (се) заврзуваат

Оригинални податоци:

заврзе, заврзат; заврзи, заврзете; заврзав, заврзаа; заврзал; заврзан; (ќе) заврзев, (ќе) заврзеа; (ќе) заврзел св. 1. Стегне, прицврсти со врзување; сп. врзе. Рацете му ги заврза одзади. Го заврза коњот за стеблото од буката. 2. Замота, обвие нешто. Го разгради човекот и му ја заврза раната. На главата беше заврзал чалма. 3. Започне, поведе разговор, борба и сл. Никако не можеа да заврзат весел разговор. Децата заврзаа снежен бој. Сакаа да заврзат свој живот. 4. Создаде, зафати плод, заврз. Јаболкниците веќе имаа заврзано плод. Бостанот ги заврза првите плодови. ● се ~ 1. Се заплетка, се врзе. Конецот ѝ се заврза неколку пати. 2. Се започне, се поведе разговор, борба и сл. Над самото село се заврза тешка борба. Меѓу нив се заврза караница. ‖ (се) заврзува, (се) заврзуваат несв. ‖ глаг. им. заврзување ср.