заземе

Глагол, свршен

Значење на заземе:

1. Завладее, освои нешто (територија, град и др.) со војна, со борба. Борците на јуриш го зазедоа селото. Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.

2. Насели определена територија; зафати определен простор, место. Куќата го зазеде најголемиот дел од дворот. Тој се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место. Гледачите сè уште не ги зазедоа своите места.

3. Дојде на определено работно место, должност, функција. Стариот бег умре и тој го зазеде неговото место. Се подготвуваше да го заземе местото на управник.

4. Се најде, зафати определена положба, место во некаков хиерархиски ред. Живата уште од најраните времиња зазела важно место меѓу металите. Екипата на Вардар го зазеде првото место на табелата.

Коњугација: зазедоа , зазедов , зазел , заземат , заземен, заземете , заземи , (ќе) заземеа , (ќе) заземев , (ќе) заземел .

Изведени зборови:

  • заземање, глаг. им. ср.
  • (се) зазема, глаг. несв. (се) заземаат
  • се ~ заземе, Се загрижи, се застапи за некого или за нешто. Тој се зазел за него и го спасил од прогонство. Владата ќе се заземе за ратификување на договорот.

Оригинални податоци:

заземе, заземат; заземи, заземете; зазедов, зазедоа; зазел; (ќе) заземев, (ќе) заземеа; (ќе) заземел; заземен св. 1. Завладее, освои нешто (територија, град и др.) со војна, со борба. Борците на јуриш го зазедоа селото. Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции. 2. Насели определена територија; зафати определен простор, место. Куќата го зазеде најголемиот дел од дворот. Тој се довлечка под дрвото и си го зазеде своето старо место. Гледачите сè уште не ги зазедоа своите места. 3. Дојде на определено работно место, должност, функција. Стариот бег умре и тој го зазеде неговото место. Се подготвуваше да го заземе местото на управник. 4. Се најде, зафати определена положба, место во некаков хиерархиски ред. Живата уште од најраните времиња зазела важно место меѓу металите. Екипата на Вардар го зазеде првото место на табелата. ● се ~ Се загрижи, се застапи за некого или за нешто. Тој се зазел за него и го спасил од прогонство. Владата ќе се заземе за ратификување на договорот. ‖ (се) зазема, (се) заземаат несв. ‖ глаг. им. заземање ср.