зажали
Значење на зажали:
1. Почне да жали, да чувствува жал за нешто; жали_1 Зажали што не отиде и тој со нив. Зажали што не е школувана.
2. Почне да жали, да тагува по некого; жали_2 Никој не зажали по него освен мајка му.
3. Почне да жали, да сожалува некого; жали_3 Го зажали зашто остана сам.
Коњугација: зажалат.
Изведени зборови:
- зажалува, глаг. несв. зажалуваат
Оригинални податоци:
зажали, зажалат св. 1. Почне да жали, да чувствува жал за нешто; сп. жали 1. Зажали што не отиде и тој со нив. Зажали што не е школувана. 2. Почне да жали, да тагува по некого; сп. жали 2. Никој не зажали по него освен мајка му. 3. Почне да жали, да сожалува некого; сп. жали 3. Го зажали зашто остана сам. ‖ зажалува, зажалуваат несв.