зажари

Глагол, свршен

Значење на зажари:

1. Направи нешто многу да се загрее, да се усвити; вжешти. Ја зажари печката и ги седна децата околу неа да се греат. Ковачот го зажари парчето железо и почна да го кове.

2. За коприва – почне да жари, да жури. Копривите го зажарија по босите нозе.

3. За човек – зацрвени во лицето, засвети со очите. Шлаканицата му го зажари образот. Детето беше целото зажарено.

Коњугација: зажарат.

Изведени зборови:

  • зажарување, глаг. им. ср.
  • се ~ зажари, 1. Силно се загрее, се усвити нешто; се вжешти. Вршникот брзо се зажари. Железните прачки на прозорците се зажарија од летното сонце. 2. Се зацрвени во лицето, засвети со очите. Момчето се зажари во лицето. Образите му се зажарија.
  • (се) зажарува, глаг. несв. (се) зажаруваат

Оригинални податоци:

зажари, зажарат св. 1. Направи нешто многу да се загрее, да се усвити; вжешти. Ја зажари печката и ги седна децата околу неа да се греат. Ковачот го зажари парчето железо и почна да го кове. 2. За коприва – почне да жари, да жури. Копривите го зажарија по босите нозе. 3. За човек – зацрвени во лицето, засвети со очите. Шлаканицата му го зажари образот. Детето беше целото зажарено. ● се ~ 1. Силно се загрее, се усвити нешто; се вжешти. Вршникот брзо се зажари. Железните прачки на прозорците се зажарија од летното сонце. 2. Се зацрвени во лицето, засвети со очите. Момчето се зажари во лицето. Образите му се зажарија. ‖ (се) зажарува, (се) зажаруваат несв. ‖ глаг. им. зажарување ср.