заживее
Значење на заживее:
1. Почне да живее некаде; живее_3 Заживеа далеку од луѓето. Тие заживеаја во новата куќа.
2. Почне да живее некако; живее_4 Тој заживеа сам, без жена.
3. Почне да живее заедно со некого; живее_5 Младите заживеаја со родителите.
4. Почне да живее, да се согласува со некого; сп. живее_8 Тој заживеа добро со сите соседи.
5. (прен.) Стапи во дејство, почне со работа. Тој начин на работа не заживеа.
6. (прен.) Се појави, се воспостави нешто; оживеа. Другарството одново заживеа меѓу нив. Ми се стори како да заживеаја сите грмушки.
Коњугација: заживеав , заживеаја , заживеал , заживеан , заживеат , заживеен, заживеј , заживејте , (ќе) заживеев , (ќе) заживееја , (ќе) заживеел .
Изведени зборови:
- заживува, глаг. несв. заживуваат
- заживување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
заживее, заживеат; заживеј, заживејте; заживеав, заживеаја; заживеал; заживеан; (ќе) заживеев, (ќе) заживееја; (ќе) заживеел; заживеен св. 1. Почне да живее некаде; сп. живее 3. Заживеа далеку од луѓето. Тие заживеаја во новата куќа. 2. Почне да живее некако; сп. живее 4. Тој заживеа сам, без жена. 3. Почне да живее заедно со некого; сп. живее 5. Младите заживеаја со родителите. 4. Почне да живее, да се согласува со некого; сп. живее 8. Тој заживеа добро со сите соседи. 5. (прен.) Стапи во дејство, почне со работа. Тој начин на работа не заживеа. 6. (прен.) Се појави, се воспостави нешто; оживеа. Другарството одново заживеа меѓу нив. Ми се стори како да заживеаја сите грмушки. ‖ заживува, заживуваат несв. ‖ глаг. им. заживување ср.