зазори

Глагол, свршен

Безличен глагол.

Значење на зазори:

Почне да се разденува, да се развиделува; се појави зора. Тргнаа пред да зазори. Зората зазори.

Изведени зборови:

  • зазорување, глаг. им. ср.
  • се ~ зазори, Настапи зора. Се зазори.
  • (се) зазорува, глаг. несв.

Оригинални податоци:

зазори безл. св. Почне да се разденува, да се развиделува; се појави зора. Тргнаа пред да зазори. Зората зазори. ● се ~ Настапи зора. Се зазори. ‖ (се) зазорува несв. ‖ глаг. им. зазорување ср.