збег

Именка, машки род

Значење на збег:

1. Место каде што се засолнува од некоја опасност. Шумски збег. Се скрија во збегот. Преплашениот народ остана по збеговите неколку недели.

2. Оние што се кријат во збег; избеган народ. Збегот се повлече уште подлабоко во шумата.

3. Во пчеларството – празен меѓупростор во улиште, покриен со мрежа, кој служи при пренесување на пчелите. При пренесување на пчелите, задолжително на секое улиште се поставуваат збегови.

Множина: збегови.

Оригинални податоци:

збег, збегови м. 1. Место каде што се засолнува од некоја опасност. Шумски збег. Се скрија во збегот. Преплашениот народ остана по збеговите неколку недели. 2. Оние што се кријат во збег; избеган народ. Збегот се повлече уште подлабоко во шумата. 3. Во пчеларството – празен меѓупростор во улиште, покриен со мрежа, кој служи при пренесување на пчелите. При пренесување на пчелите, задолжително на секое улиште се поставуваат збегови.