збере

Глагол, свршен

Значење на збере:

1. а) Собира нешто што е расфрлано, распослано, распространето. Ги збра играчките во кутија. Збери ги алиштата, суви се. Кога беше на планина, збра чај. б) Насобере (пари, помош, материјал итн.) малку по малку со штедење, со постепено прибирање. Одвај успеа да збере пари за нов автомобил.

2. Повика, собере луѓе на едно место. Дедото ги збра сите потомци за да го прочита тестаментот. По повод дипломирањето ги збра пријателите.

3. Стане повод за доаѓање, за среќавање. Трагичниот настан ги збра сите на едно место. Симпозиумот ги збра најпознатите европски биолози.

4. Се смести во некаков простор (сад, просторија итн.) Ќе ги збере ли патната торба сите алишта?

Коњугација: зберат , зберен, зберете , збери , збраа , збрав , збрал , збран , (ќе) збереа , (ќе) зберев , (ќе) зберел .

Изведени зборови:

  • се ~ збере, Се собере. Се збрале децата од двете соседни згради. Ова платно ќе се збере во перењето.
  • (се) зберува, глаг. несв. (се) зберуваат

Оригинални податоци:

збере, зберат; збери, зберете; збрав, збраа; збрал; збран; (ќе) зберев, (ќе) збереа; (ќе) зберел; зберен св. 1. а) Собира нешто што е расфрлано, распослано, распространето. Ги збра играчките во кутија. Збери ги алиштата, суви се. Кога беше на планина, збра чај. б) Насобере (пари, помош, материјал итн.) малку по малку со штедење, со постепено прибирање. Одвај успеа да збере пари за нов автомобил. 2. Повика, собере луѓе на едно место. Дедото ги збра сите потомци за да го прочита тестаментот. По повод дипломирањето ги збра пријателите. 3. Стане повод за доаѓање, за среќавање. Трагичниот настан ги збра сите на едно место. Симпозиумот ги збра најпознатите европски биолози. 4. Се смести во некаков простор (сад, просторија итн.) Ќе ги збере ли патната торба сите алишта? ● се ~ Се собере. Се збрале децата од двете соседни згради. Ова платно ќе се збере во перењето. ‖ (се) зберува, (се) зберуваат несв.