збие се 2

Глагол, свршен

Значење на збие се :

Се случи, стане нешто. Се зби чудо. Филмот беше здодевен, ништо не се зби сѐ до крајот. Едно мислев, но сосема друго се зби. Што ли се збило, па го нема да се врати?

Коњугација: се збијат.

Изведени зборови:

  • збивање2, глаг. им. ср.
  • се збива2, глаг. несв. се збиваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Нека се збие злото на тоа (што се скршило, на пр.) – нека се заврши со лошите работи на тоа (што се скршило, на пр.).

Оригинални податоци:

збие се2, се збијат св. Се случи, стане нешто. Се зби чудо. Филмот беше здодевен, ништо не се зби сѐ до крајот. Едно мислев, но сосема друго се зби. Што ли се збило, па го нема да се врати? ◊ Нека се збие злото на тоа (што се скршило, на пр.) – нека се заврши со лошите работи на тоа (што се скршило, на пр.). ‖ се збива2, се збиваат несв. ‖ глаг. им. збивање2 ср.