збир

Именка, машки род

Значење на збир:

1. (мат.) Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви; сума. Определи го збирот на дадените броеви.

2. Резултат од собирање, на собирање повеќе предмети, нешта. Собата претставуваше збир од стари делови мебел без смисла за вкус. Животот е збир на случајности. Ова дело е збир на повеќе теми.

Множина: збира, збирови.

Оригинални податоци:

збир, мн. збирови, избр. мн. збира м. 1. (мат.) Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви; сума. Определи го збирот на дадените броеви. 2. Резултат од собирање, на собирање повеќе предмети, нешта. Собата претставуваше збир од стари делови мебел без смисла за вкус. Животот е збир на случајности. Ова дело е збир на повеќе теми.