зближи

Глагол, свршен

Значење на зближи:

1. За предмет – направи да биде нешто поблиску; приближи. Ги зближија двата кревета и се доби еден брачен. Зближи ги столовите еден до друг.

2. (прен.) За човек – направи да има блиски, пријателски односи. Несреќата ги зближи. Желбата за читање и пишување ги зближи.

Коњугација: зближат.

Изведени зборови:

  • зближување, глаг. им. ср.
  • се ~ зближи, Стане близок со некого; се спријатели. Многу брзо тој се зближи со него. Некогашните непријатели постепено се зближија. Војниците се зближија со селаните.
  • (се) зближува, глаг. несв. (се) зближуваат

Оригинални податоци:

зближи, зближат св. 1. За предмет – направи да биде нешто поблиску; сп. приближи. Ги зближија двата кревета и се доби еден брачен. Зближи ги столовите еден до друг. 2. (прен.) За човек – направи да има блиски, пријателски односи. Несреќата ги зближи. Желбата за читање и пишување ги зближи. ● се ~ Стане близок со некого; се спријатели. Многу брзо тој се зближи со него. Некогашните непријатели постепено се зближија. Војниците се зближија со селаните. ‖ (се) зближува, (се) зближуваат несв. ‖ глаг. им. зближување ср.