збогати

Глагол, свршен

Значење на збогати:

1. а) Направи некој да стане богат со пари, со материјални блага. Таа работа може да те збогати. б) (прен.) Подобри, прошири, унапреди нешто. Неговите дела ја збогатија македонската поезија и книжевност. Ваквите емисии ги збогатуваат нашите познавања за далечните земји.

2. Направи нешто да прими во својот состав некоја материја за да биде повредно, покорисно. Збогати раствор. Збогати руда. Збогати гориво.

Коњугација: збогатат.

Изведени зборови:

  • збогатување, глаг. им. ср.
  • се ~ збогати, Стане богат. Преку ноќ се збогати. Сакаше да се збогати по секоја цена.
  • (се) збогатува, глаг. несв. (се) збогатуваат

Оригинални податоци:

збогати, збогатат св. 1. а) Направи некој да стане богат со пари, со материјални блага. Таа работа може да те збогати. б) (прен.) Подобри, прошири, унапреди нешто. Неговите дела ја збогатија македонската поезија и книжевност. Ваквите емисии ги збогатуваат нашите познавања за далечните земји. 2. Направи нешто да прими во својот состав некоја материја за да биде повредно, покорисно. Збогати раствор. Збогати руда. Збогати гориво. ● се ~ Стане богат. Преку ноќ се збогати. Сакаше да се збогати по секоја цена. ‖ (се) збогатува, (се) збогатуваат несв. ‖ глаг. им. збогатување ср.