збор 1

Именка, машки род

Значење на збор:

1. Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим. Полнозначен збор. Застарен збор. Менливи зборови. Зборовите се делат на слогови.

2. Јазик. Македонскиот збор се слуша и на другите континенти. 3.. Способност за зборување. Залегна човекот, па дури и зборот му се зеде. 4. Разговор, зборување, нешто што е кажано. На средбата ќе стане збор за актуелни прашања. Се разбираа без зборови. Да преминеме од зборови на дела.

3. Устен јавен настап; право, дозвола за јавно зборување. Се јавив за збор. Претседавачот му даде збор на првиот дискутант. На пратеникот му беше одземен зборот.

4. Став, гледиште; достигнување во некоја област. По тоа прашање јавноста го кажа својот збор. Овие апарати се последен збор на техниката.

5. Ветување, задолжение. Му даде збор дека ќе ја заврши работата.

6. Озборување, лош глас. Ако имаш нешто, кажи ми, да не слушам потоа зборови.

7. (воен.) Извик со кој се командува постројување на една единица. Војници, збор! 10. (арх.) Собир.

Множина: збора, зборови.

Изведени зборови:

  • зборче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Збор да нема/Нема збор – така е; согласност за нешто. Стои на зборот – го одржи ветувањето. Тој го има главниот/последниот збор – тој е решавачкиот фактор. На зборови јунак – лажен јунак. Скапи му се зборовите – малку зборува. Ми (ти, му...) се слуша/јаде зборот – се цени, се почитува неговото мислење. Дојде на мојот збор – се увери дека сум во право. Сладок збор и железна врата отвора – на убав начин сѐ се постигнува. Те држам за збор – сметам на тебе. Со еден збор – накратко. Тежок збор – голема навреда. Без збор ја заврши работата – без отпор, без поговор. (Одвај) дојде до збор – се вклучи во разговор. Разменија неколку збора – кратко поразговараа. Ги мери зборовите – одмерен е во искажувањето. Од збор до збор – буквално. Со други зборови – поинаку, појасно, поотворено кажано. Ниту збор да слушнам – строга заповед на која не смее да се приговара. Збордва – краток исказ, краток осврт. Чесен збор – при нагласување на вистинитоста на исказот. Го фати за збор – лукаво го искористи она што е кажано (обично во негативна конотација). Троши зборови – попусто зборува. Со свои зборови – слободно прераскажано, не држејќи се буквално до нечиј исказ. Празни зборови – лажни ветувања, зборување без доказ, потврда. Даде збор (некому) – 1. Му овозможи да зборува. 2. Му вети нешто. 3. се сврши, даде завет за женидба. Држи (некого) за збор – се држи за ветеното.

Оригинални податоци:

збор1, мн. зборови, избр. мн. збора м. 1. Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим. Полнозначен збор. Застарен збор. Менливи зборови. Зборовите се делат на слогови. 2. Јазик. Македонскиот збор се слуша и на другите континенти. 3.. Способност за зборување. Залегна човекот, па дури и зборот му се зеде. 4. Разговор, зборување, нешто што е кажано. На средбата ќе стане збор за актуелни прашања. Се разбираа без зборови. Да преминеме од зборови на дела. 5. Устен јавен настап; право, дозвола за јавно зборување. Се јавив за збор. Претседавачот му даде збор на првиот дискутант. На пратеникот му беше одземен зборот. 6. Став, гледиште; достигнување во некоја област. По тоа прашање јавноста го кажа својот збор. Овие апарати се последен збор на техниката. 7. Ветување, задолжение. Му даде збор дека ќе ја заврши работата. 8. Озборување, лош глас. Ако имаш нешто, кажи ми, да не слушам потоа зборови. 9. (воен.) Извик со кој се командува постројување на една единица. Војници, збор! 10. (арх.) Собир. ◊ Збор да нема/Нема збор – така е; согласност за нешто. Стои на зборот – го одржи ветувањето. Тој го има главниот/последниот збор – тој е решавачкиот фактор. На зборови јунак – лажен јунак. Скапи му се зборовите – малку зборува. Ми (ти, му...) се слуша/јаде зборот – се цени, се почитува неговото мислење. Дојде на мојот збор – се увери дека сум во право. Сладок збор и железна врата отвора – на убав начин сѐ се постигнува. Те држам за збор – сметам на тебе. Со еден збор – накратко. Тежок збор – голема навреда. Без збор ја заврши работата – без отпор, без поговор. (Одвај) дојде до збор – се вклучи во разговор. Разменија неколку збора – кратко поразговараа. Ги мери зборовите – одмерен е во искажувањето. Од збор до збор – буквално. Со други зборови – поинаку, појасно, поотворено кажано. Ниту збор да слушнам – строга заповед на која не смее да се приговара. Збордва – краток исказ, краток осврт. Чесен збор – при нагласување на вистинитоста на исказот. Го фати за збор – лукаво го искористи она што е кажано (обично во негативна конотација). Троши зборови – попусто зборува. Со свои зборови – слободно прераскажано, не држејќи се буквално до нечиј исказ. Празни зборови – лажни ветувања, зборување без доказ, потврда. Даде збор (некому) – 1. Му овозможи да зборува. 2. Му вети нешто. 3. се сврши, даде завет за женидба. Држи (некого) за збор – се држи за ветеното. ‖ зборче, мн. зборчиња ср. дем. и хип.