зборува
Значење на зборува:
1. Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик. Детето веќе зборуваше. Тој зборува течно англиски.
2. Усно соопштува, изразува мисли, чувства. Со носталгија зборуваше за детството.
3. Писмено соопштува, изразува мисли, чувства. Во книгата авторот зборува за една трагична човечка судбина.
4. Комуницира, разговара. Двајцата зборуваа за синоќешната средба. Оттогаш тие не зборуваат.
5. Убедува некого, дава совет. Му зборуваа сите, но тој остануваше на своето. Татко и долго и зборуваше, и тоа како да ја поколеба.
6. Држи говор, беседа. На свеченото отворање ќе зборува Претседателот.
7. (прен.) Се пројавува, се искажува во нечии постапки, зборови; се гледа, може да се види од нешто. Од неа зборува една длабоко осамена душа. Од нивните погледи зборува гордоста и патриотизмот. За квалитетот на нивните производи зборува постојаната голема потрошувачка. Тој не кажа ништо, но како очите да му зборуваа.
8. (прен.) Сведочи, докажува без потреба од дополнително објаснување. Фактите зборуваат поинаку. Постапката сама по себе зборува.
9. (разг.) Озборува. Го зборуваа низ селото дека се поматил со умот.
Коњугација: зборуваат.
Изведени зборови:
- зборување, глаг. им. ср.
- се ~ зборува, Се раскажува. Низ целиот град се зборуваше за настанот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Зборува како празна воденица – зборува многу и постојано. Зборуваат на различни јазици – не се сложуваат, не се разбираат. Ти зборувам ќерко, сети се снао – обраќање кон еден со порака наменета за друг. Зборува на ѕид / на глув – залудно зборува некому.
Оригинални податоци:
зборува, зборуваат несв. 1. Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик. Детето веќе зборуваше. Тој зборува течно англиски. 2. Усно соопштува, изразува мисли, чувства. Со носталгија зборуваше за детството. 3. Писмено соопштува, изразува мисли, чувства. Во книгата авторот зборува за една трагична човечка судбина. 4. Комуницира, разговара. Двајцата зборуваа за синоќешната средба. Оттогаш тие не зборуваат. 5. Убедува некого, дава совет. Му зборуваа сите, но тој остануваше на своето. Татко и долго и зборуваше, и тоа како да ја поколеба. 6. Држи говор, беседа. На свеченото отворање ќе зборува Претседателот. 7. (прен.) Се пројавува, се искажува во нечии постапки, зборови; се гледа, може да се види од нешто. Од неа зборува една длабоко осамена душа. Од нивните погледи зборува гордоста и патриотизмот. За квалитетот на нивните производи зборува постојаната голема потрошувачка. Тој не кажа ништо, но како очите да му зборуваа. 8. (прен.) Сведочи, докажува без потреба од дополнително објаснување. Фактите зборуваат поинаку. Постапката сама по себе зборува. 9. (разг.) Озборува. Го зборуваа низ селото дека се поматил со умот. ● се ~ Се раскажува. Низ целиот град се зборуваше за настанот. ◊ Зборува како празна воденица – зборува многу и постојано. Зборуваат на различни јазици – не се сложуваат, не се разбираат. Ти зборувам ќерко, сети се снао – обраќање кон еден со порака наменета за друг. Зборува на ѕид / на глув – залудно зборува некому. ‖ глаг. им. зборување ср.