збрчка
Значење на збрчка:
1. Насобере, собере чело, кожа и сл.; направи брчки. Таа го збрчка челото. Годините во туѓина му го збрчкаа лицето.
2. Стутка, истутка. Седна и го збрчка фустанот.
Коњугација: збрчкаат.
Изведени зборови:
- збрчкување, глаг. им. ср.
- се ~ збрчка, 1. Стане со брчки. Од тешкиот живот младата жена предвреме се збрчка. Ужасно се збрчка и огрде. 2. Се стутка, се истутка.
- (се) збрчкува, глаг. несв. (се) збрчкуваат
Оригинални податоци:
збрчка, збрчкаат св. 1. Насобере, собере чело, кожа и сл.; направи брчки. Таа го збрчка челото. Годините во туѓина му го збрчкаа лицето. 2. Стутка, истутка. Седна и го збрчка фустанот. ● се ~ 1. Стане со брчки. Од тешкиот живот младата жена предвреме се збрчка. Ужасно се збрчка и огрде. 2. Се стутка, се истутка. ‖ (се) збрчкува, (се) збрчкуваат несв. ‖ глаг. им. збрчкување ср.