збрка 1
Значење на збрка:
1. Измеша, исплетка. Мачето ми ги збрка конците.
2. Направи грешка поради забуна. Ја збркал улицата и не се сретнале.
3. Збуни некого; направи. предизвика забуна, збрка, мешаница. Сакајќи да му помогне, уште повеќе го збрка со разни потпрашања. Неочекуваните гости ги збркаа домаќините.
Коњугација: збркаат.
Изведени зборови:
- збркување, глаг. им. ср.
- се ~ збрка, 1. Се збуни. Кога го виде, поцрвене и се збрка. Детето се збрка и не можеше да продолжи со песничката. 2. Се изгуби, залута. Се збрка и цел ден кружеше околу плоштадот.
- (се) збркува, глаг. несв. (се) збркуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му ...) ги збрка конците – расипе работа, план некому, попречи некому во нешто.
Оригинални податоци:
збрка1, збркаат св. 1. Измеша, исплетка. Мачето ми ги збрка конците. 2. Направи грешка поради забуна. Ја збркал улицата и не се сретнале. 3. Збуни некого; направи. предизвика забуна, збрка, мешаница. Сакајќи да му помогне, уште повеќе го збрка со разни потпрашања. Неочекуваните гости ги збркаа домаќините. ● се ~ 1. Се збуни. Кога го виде, поцрвене и се збрка. Детето се збрка и не можеше да продолжи со песничката. 2. Се изгуби, залута. Се збрка и цел ден кружеше околу плоштадот. ◊ Ми (ти, му ...) ги збрка конците – расипе работа, план некому, попречи некому во нешто. ‖ (се) збркува, (се) збркуваат несв. ‖ глаг. им. збркување ср.