збрложи
Разговорен збор, израз.
Значење на збрложи:
1. Збуни некого. Ненадејното невреме ги збрложи луѓето.
Коњугација: збрложат.
Изведени зборови:
- збрложување, глаг. им. ср.
- се ~ збрложи, Се збуни. Селаните кога слушнаа, се збрложија.
- (се) збрложува, глаг. несв. (се) збрложуваат
Оригинални податоци:
збрложи, збрложат св. (разг.) 1. Збуни некого. Ненадејното невреме ги збрложи луѓето. ● се ~ Се збуни. Селаните кога слушнаа, се збрложија. ‖ (се) збрложува, (се) збрложуваат несв. ‖ глаг. им. збрложување ср.