збута

Глагол, свршен

Значење на збута:

1. Избутка, истисне со буткање некого или нешто. Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот. Влегов последен и ме збутаа на последниот ред.

2. Одеднаш бутне, стави со буткање нешто некаде. Тој збута некаква хартија во џебот.

3. Зафрли. Каде ли сум ја збутала црвената блуза? Ги збута некаде очилата, сега не може да ги најде.

Коњугација: збутаат.

Изведени зборови:

  • збутување, глаг. им. ср.
  • се ~ збута, Се притисне кон некого или кон нешто. Учениците се збутаа пред автобусот. Девојчето се збута до мајка си.
  • (се) збутува, глаг. несв. (се) збутуваат

Оригинални податоци:

збута, збутаат св. 1. Избутка, истисне со буткање некого или нешто. Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот. Влегов последен и ме збутаа на последниот ред. 2. Одеднаш бутне, стави со буткање нешто некаде. Тој збута некаква хартија во џебот. 3. Зафрли. Каде ли сум ја збутала црвената блуза? Ги збута некаде очилата, сега не може да ги најде. ● се ~ Се притисне кон некого или кон нешто. Учениците се збутаа пред автобусот. Девојчето се збута до мајка си. ‖ (се) збутува, (се) збутуваат несв. ‖ глаг. им. збутување ср.