здене
Значење на здене:
1. вдене, дене. Бабата и без очила успеваше да си ја здене иглата.
2. Надене сено при собирање. Сето сено што го здена со вилата го истресе додека го стави во колата.
3. Закачи, обеси. Тие ги зденаа палтата на закачалката во претсобјето.
Коњугација: зденаа , зденав , зденал , зденат , зденат , зденет, зденете , здени , (ќе) зденеа , (ќе) зденев , (ќе) зденел .
Изведени зборови:
- зденува, глаг. несв. зденуваат
- зденување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
здене, зденат; здени, зденете; зденав, зденаа; зденал; зденат; (ќе) зденев, (ќе) зденеа; (ќе) зденел; зденет св. 1. сп. вдене, дене. Бабата и без очила успеваше да си ја здене иглата. 2. Надене сено при собирање. Сето сено што го здена со вилата го истресе додека го стави во колата. 3. Закачи, обеси. Тие ги зденаа палтата на закачалката во претсобјето. ‖ зденува, зденуваат несв. ‖ глаг. им. зденување ср.