здипли
Спореди: дипли.
Значење на здипли:
1. Таа ги здипли алиштата и ги нареди во шкафот.
2. (прен., жарг.) Украде. Дури се сврте, и ја здиплија чантата. Некој ми го здиплил паричникот во автобус.
Коњугација: здиплат.
Изведени зборови:
- здиплување, глаг. им. ср.
- се ~ здипли, (прен.) Стане свиен, подгрбавен. Од таков крупен човек стана на половина, се здипли.
- (се) здиплува, глаг. несв. (се) здиплуваат
Оригинални податоци:
здипли, здиплат св. сп. дипли. Таа ги здипли алиштата и ги нареди во шкафот. 2. (прен., жарг.) Украде. Дури се сврте, и ја здиплија чантата. Некој ми го здиплил паричникот во автобус. ● се ~ (прен.) Стане свиен, подгрбавен. Од таков крупен човек стана на половина, се здипли. ‖ (се) здиплува, (се) здиплуваат несв. ‖ глаг. им. здиплување ср.