здив

Именка, машки род

Значење на здив:

1. Воздух што се испушта при дишењето. Топол здив. Свеж здив. Лош здив.

2. Вдишување и издишување; дишење. Од страв му се зеде здивот. Старицата одвај успеваше да земе здив. Остра болка му го пресече здивот.

3. (прен.) Тоа што испарува, се ослободува од нешто; мирис. Се чувствуваше здивот на пролетта. Низ улицата удираше слаткиот здив од расцветаните липи.

4. (прен.) Тоа што се насетува; што се претчувствува. Со последните настани почна да се чувствува здивот на промените.

Множина: здивови.

Фразеолошки израз / поговорка:

На/во еден здив – одеднаш. До последен здив – до крај; до смрт; до последните сили. Земи здив – одмори се. Без здив – без одмор. Ме (те, го ...) остави без здив – многу изненади, вчудовиди некого.

Оригинални податоци:

здив, мн. здивови м. 1. Воздух што се испушта при дишењето. Топол здив. Свеж здив. Лош здив. 2. Вдишување и издишување; дишење. Од страв му се зеде здивот. Старицата одвај успеваше да земе здив. Остра болка му го пресече здивот. 3. (прен.) Тоа што испарува, се ослободува од нешто; мирис. Се чувствуваше здивот на пролетта. Низ улицата удираше слаткиот здив од расцветаните липи. 4. (прен.) Тоа што се насетува; што се претчувствува. Со последните настани почна да се чувствува здивот на промените. ◊ На/во еден здив – одеднаш. До последен здив – до крај; до смрт; до последните сили. Земи здив – одмори се. Без здив – без одмор. Ме (те, го ...) остави без здив – многу изненади, вчудовиди некого.