здивне
Значење на здивне:
1. еднокр. здива. Гостинот седна и звучно здивна. Таа ги затвори очите и здивна длабоко неколкупати за да се смири.
2. Одмори; отпочине. Од утрото цепеше дрва, па седна да здивне. Здивни малку, пред да продолжиш.
Коњугација: здивнаа , здивнав , здивнал , здивнат , здивнат , здивнете , здивни , (ќе) здивнеа , (ќе) здивнев , (ќе) здивнел.
Изведени зборови:
- здивнува, глаг. несв. здивнуваат
- здивнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
здивне, здивнат; здивни, здивнете; здивнав, здивнаа; здивнал; здивнат; (ќе) здивнев, (ќе) здивнеа; (ќе) здивнел св. 1. еднокр. сп. здива. Гостинот седна и звучно здивна. Таа ги затвори очите и здивна длабоко неколкупати за да се смири. 2. Одмори; отпочине. Од утрото цепеше дрва, па седна да здивне. Здивни малку, пред да продолжиш. ‖ здивнува, здивнуваат несв. ‖ глаг. им. здивнување ср.