здола

Прилог

Значење на здола:

1. Под површината на нешто; одоздола. Озгора носеше палто, а здола кошула. Во торбата здола ги стави компирите, а врз нив доматите. Децата спиеја на креветчиња на кат, постариот згора, а помалиот здола.

2. По долната површина на нешто. Бурето здола беше дупнато. Во собата здола имаше послано волнено килимче, а на креветот цветен памучен покривач.

Оригинални податоци:

здола прил.; спрот. згора. 1. Под површината на нешто; одоздола. Озгора носеше палто, а здола кошула. Во торбата здола ги стави компирите, а врз нив доматите. Децата спиеја на креветчиња на кат, постариот згора, а помалиот здола. 2. По долната површина на нешто. Бурето здола беше дупнато. Во собата здола имаше послано волнено килимче, а на креветот цветен памучен покривач.