здрав
Значење на здрав:
1. За живо суштество – што има нормални животни функции; што се одликува со здравје. Здраво дете. Здраво срце. Здраво и вакцинирано куче.
2. Што е својствен за организам кој се одликува со здравје. Здрава боја на лицето. Здрав сон.
3. Што е корисен за здравјето; што не е штетен за здравјето. Здрав воздух. Здрава храна. Здрава средина.
4. За предмет – цел, неоштетен. Прозорецот силно тресна, но за среќа остана здрав. Од шесте стола само два се здрави.
5. (прен.) Нормален; правилен; позитивен. Здрав разум. Здрава критика. Здрави размислувања.
6. Силен, цврст, издржлив, жесток. Здрав маж. Здрави чевли. Здрава кавга.
Членувана форма: здравиот.
Изведени зборови:
- здравичок, прид. здравичкиот дем. и хип.
- здравост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Стави трн во здрава нога – сам влоши поволна ситуација. Здрав болен не верува – оној што не бил во иста ситуација не може да знае како е. Да си жив и здрав – благослов. Здрав не се праша, болен се праша – кога се понудува јадење.
Оригинални податоци:
здрав, здравиот прид. спрот. болен. 1. За живо суштество – што има нормални животни функции; што се одликува со здравје. Здраво дете. Здраво срце. Здраво и вакцинирано куче. 2. Што е својствен за организам кој се одликува со здравје. Здрава боја на лицето. Здрав сон. 3. Што е корисен за здравјето; што не е штетен за здравјето. Здрав воздух. Здрава храна. Здрава средина. 4. За предмет – цел, неоштетен. Прозорецот силно тресна, но за среќа остана здрав. Од шесте стола само два се здрави. 5. (прен.) Нормален; правилен; позитивен. Здрав разум. Здрава критика. Здрави размислувања. 6. Силен, цврст, издржлив, жесток. Здрав маж. Здрави чевли. Здрава кавга. ◊ Стави трн во здрава нога – сам влоши поволна ситуација. Здрав болен не верува – оној што не бил во иста ситуација не може да знае како е. Да си жив и здрав – благослов. Здрав не се праша, болен се праша – кога се понудува јадење. ‖ здравост ж. ‖ здравичок, здравичкиот прид. дем. и хип.