здравица 1

Именка, женски род

Значење на здравица:

1. Краток говор или затврден израз од неколку зборови што се кажува со крената чаша пијалак, кој се пие во нечие здравје, во нечија чест или за нечиј успех. Првата здравица се испи во чест на домаќинот. Таткото кажа здравица за младенците. Се слушнаа многу здравици.

2. Сад или шише со вино или со ракија со кој се кани на свадба, крштевка и сл. Сватовите донесоа здравица со ракија.

Множина: здравици.

Оригинални податоци:

здравица1, мн. здравици ж. 1. Краток говор или затврден израз од неколку зборови што се кажува со крената чаша пијалак, кој се пие во нечие здравје, во нечија чест или за нечиј успех. Првата здравица се испи во чест на домаќинот. Таткото кажа здравица за младенците. Се слушнаа многу здравици. 2. Сад или шише со вино или со ракија со кој се кани на свадба, крштевка и сл. Сватовите донесоа здравица со ракија.